fbpx

ДИК: До 17 часот излезноста е 42,44 отсто, за речиси 1,5 отсто поголема од првиот круг на изборите [инфографик]

-

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека до 17 часот гласале 42,44 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список на вториот круг од локалните избори во земјава. Во споредба со првиот круг, излезноста е зголемена за речиси 1,5 отсто во оние општини каде што се избира нов градоначалник во вториот круг. До 17 часот на гласање излегле 559.519 гласачи од обработени 98,57 отсто од избирачките места низ целата земја.

По општини, најголема излезност има во Вевчани, каде до 17 часот гласале 75,6 отсто од гласачите, додека најмала излезност има во скопската општина Сарај со 22 отсто.

Она што е евидентно од споредбата на податоците е зголемената излезност во главниот град. Со исклучок на општина Сарај, во другите општини низ Скопје има поголема излезност. Во општина Центар, во првиот круг излезноста до 17 часот изнесувала 40,34 отсто, додека денеска до 17 часот излегле 45,45 отсто од гласачите.

Во општина Карпош, во прв круг до 17 часот гласале 41,99 отсто од гласачите, додека во втор круг 47,1 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список.

Во општина Аеродром во првиот круг до 17 часот излегле 40,25 отсто, додека денеска до два часа пред затворање на избирачките места своето право го искористиле 42,26 отсто од гласачите.

Во општина Кисела Вода, на 17 октомври до 17 часот гласале 40,78 отсто, додека денеска до 17 часот гласале 42,57 отсто од гласачите.

И во Чаир, во првиот круг излезноста до 17 часот изнесувала 35,22 отсто, додека во вториот круг до 17 часот гласале 39,36 отсто од гласачите.

Поголема излезност во вториот круг е забележана и во скопските општини Шуто Оризари, Гази Баба, Ѓорче Петров.

Меѓу другите поголеми општини во земјава, во Битола до 17 часот излезноста во прв круг изнесувала 46,18 отсто, додека во вториот круг изнесувала 51,72 осто.

Во Охрид, на 17 октомври до 17 часот гласале 46,01 отсто од гласачите, додека денеска до 17 часот своето право на глас го искористиле 50,82 отсто од запишаните во Избирачкиот список.

Во Куманово, во првиот круг до 17 часот гласале 37,84 отсто од гласачите, додека денеска до 17 часот излегле 41,71 отсто од гласачите.

Поголем одзив во вториот круг до 17 часот може да се забележи и во Гевгелија, Гостивар, Кочани, Тетово, Пробиштип, Радовиш, Ресен, информираат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...