fbpx

На гласањето во недела, за важечки ливчиња ќе се сметаат само оние со печат од Избирачкиот одбор

-

Државната изборна комисија (ДИК) во период од само едно деноноќие се пишмани и ја промени одлуката што ја донесе вчера. На гласање за вториот круг од изборите во недела за важечки ливчиња сепак ќе се сметаат единствено оние, на кои имаат печат од Избирачкиот одбор, информираат од ДИК.

„Ве известуваме дека на 35-та седница на ДИК беше донесена Одлуката за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година“, се наведува во нивното соопштение.

Од ДИК се објаснуваат дека ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик, произлегла од Пресудата на Управниот суд, каде што, меѓу другото, се вели: „…во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“.

Конкретно, Управниот суд на Република Северна Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња, појаснуваат тие.

„Поради ова, Државната изборна комисија го измени Упатството за важечко и неважечко ливче само во делот каде што се вели дека гласачкото ливче е неважечко ако на него нема ставено печат, со интенција да се почитува волјата на гласачот доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на Избирачкиот одбор“, објаснуваат од ДИК за претходно донесената одлука од нивна страна.

Исто така, се укажува дека на самото гласачко ливче е испечатен бројот на гласачкото место на кое што припаѓа ливчето, со што се спречува и било каква друга манипулација со истото.

Имајќи ги предвид сите реакции од јавноста, Државната изборна комисија ја поништува измената на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик односно за важечко и неважечко гласачко ливче, со што во сила ќе го стави претходното Упатство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...