fbpx

Во Карпош, во вториот круг ќе се натпреваруваат Душко Весковски и Стевчо Јакимовски

-

По маратонското пребројување на гласовите, на официјалната веб-страница страница на ДИК е објавено кои двајца кандидати ќе се спротивстават меѓусебно во вториот круг на локалните избори во општина Карпош. По преброени 99,86 отсто од гласовите, јасно е дека во вториот круг ќе оди Стевчо Јакимовски од ГРОМ како второрангиран, за кој вчера гласале 6.830 гласачи.

Првопласиран во Карпош е Душко Весковски од СДСМ, кој има освоено 9.296 гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е третопласиран со 6.551 освоен глас од гласачите.

Покрај неизвесните резултати во Карпош, граѓаните на уште една скопска општина во моментов чекаат дали ќе има втор круг на локалните избори на 31 октомври. Станува збор за општина Ѓорче Петров, каде досега се пребројани 87,19 отсто од гласовите од страна на ДИК. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски има 8.431 глас или 49,85 отсто од гласовите, наспроти кандидатот на СДСМ Александар Наумоски, кој освои 5.731 глас или 33,89 отсто. Ова значи дека кандидатот од опозициската партија го делат мал број на гласови за да успее да освои мнозинство од излезените гласачи и да победи во првиот круг.

По финалното пребројување на 100 отсто од гласачките ливчиња, сигурно е дека и во општина Чаир ќе има втор круг на 31 октомври. Висар Ганиу од ДУИ освои 13.020 гласови или 48,87 отсто од бројот на излезени гласачи и ќе се натпреварува во вториот круг со Беким Сали од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кој освои 9.849 гласови или 36,97 отсто.

Резултатите покажуваат дека втор круг сигурно ќе има на 31 октомври и во општините Центар, каде ќе се натпреваруваат Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ. И во Шуто Оризари во вториот круг ќе се натпреваруваат Ферат Асан од СДСМ и Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ.

За Град Скопје, во вториот круг на избори влегоа кандидатите Данела Арсовска и Петре Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...