fbpx

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи

-

Волјата на граѓаните преточена во резултатите на локалните избори предизвика „земјотрес“ на политичката сцена. Но, има ли скриена порака која треба сериозно да ја разберат нашите политичари?

Според синоќешните резултати за советничките листи во општините, без градот Скопје и без резултатите од околу 40 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 288.044 гласови, СДСМ 238.031, ДУИ 104.554, Алијанса за Албанците и Алтернатива 56.301, Левица 49.558, Беса 25.326, коалицијата ЛДП/ДОМ 21.999, а Независните листи освоија 56.085 гласови.

Оваа бројка на освоените гласови на Независните листи и малата излезност од скоро 49 проценти придонесе во намалувањето на освоените гласови кај големите партии. Сепак, бројката на неважечки ливчиња, која до сега е околу 60.000, односно во моментов изнесува 60.773 според првичните резултати на ДИК, не е за потценување.

Само за споредба, оваа бројка на неважечки ливчиња изнесува повеќе од досегашните пребројани гласови на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица, па дури и од независните листи.

Бројот на неважечки ливчиња е најголем за градоначалник на Скопје, изнесува 15.940. Toa e малку повеќе од 20 проценти од 78.244 гласови кои ги освои Петре Шилегов или 18,5 проценти од 86.159 гласови кои ги освои Даниела Арсовска.

Во Штип, каде што кандидатот на СДСМ Сашко Николов неочекувано изгуби со 9.210 гласови наспроти Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 13.085 гласа, има 1.148 неважечки ливчиња.

Голем е бројот на неважечките ливчиња и во Битола каде кандидатите Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Христо Кондовски од СДСМ ќе одат на извори во втор круг. Таму се избројани 2.659 неважечки ливчиња, додека во општина Чаир  неважечки се 1.859.

Во Кавадарци е уште една од поголемите општини, каде исто така има значителна бројка на бројот на неважечки ливчиња, односно 1.126. Слично е и Охрид и Струга, каде има 1.412 и 1.305 неважечки ливчиња. Во Струмица бројот на неважечки ливчиња е 1.228. Бројот на неважечките ливчиња е голем и во Центар (1.254) и во Бутел (1.229).

На првиот круг од локалните избори вкупно гласале 848.104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1.824.864 гласачи во Единствениот избирачки список.

На првиот круг од локалните избори во 2017 година имаше 44.481 неважечко ливче, а на изборите во 2013 година 38.787 неважечки ливчиња.

На парламентарните избори што се одржаа во 2020 година, пак, имаше 31.564 неважечки ливчиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...