fbpx

ЗНМ го осуди непрофесионалниот и омаловажувачки однос на Даштевски кон медиумите

-

Здружението на новинари на Македонија, ЗНМ, го осуди односот на претседателот на Државната изборна комисија, ДИК, Александар Даштевски кон новинарите.

Како што велат од ЗНМ, претседателот Даштевски на попладневната прес-конфереција имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон новинарите кога се обидуваше да одговара на новинарски прашања.

Тој наместо одговор на новинарско прашање во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање, вербално се расправаше со новинарката која го постави прашањето.

„Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што и се обрати со зборовите: ‘треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање’ како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува“, соопштија од ЗНМ.

Тие го потсетуваат Даштевски дека според Изборниот законик, член 31, ДИК има обврска да ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право; Од друга страна, новинарот има право да изрази мислење и да постави прашање без разлика од кој медиум доаѓа и дали истото прашање му се допаѓа на Претседателот на ДИК или не.

Од ЗНМ додаваат дека новинарите и медиумите играат клучна улога во процесот на изборите, не само да направат увид на работата на надлежните институции, туку и да им овозможат на граѓаните да ги имаат сите потребни информации.

„За да биде задоволено правото за информирање, посебно на денот на изборите, нужно е Државната изборна комисија и сите останати институции да се отворени кон новинарите преку навремено и целосно давање на информации на неселективен начин“, велат од ЗНМ.

Оттаму посочуваат дека до нив пристигнале неколку поплаки од страна на онлајн медиуми за попречување на работата на новинарите од страна на симпатизери на политички партии како и за несоодветен однос на припадници на МВР во Скопје но и во неколку други градови.

„Со цел да не се остави впечаток во јавноста дека органите за прогон ги игнорираат овие случки бараме нивно итно расчистување од страна на полицијата и брзо информирање на јавноста“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...