fbpx

Даштевски: До 18:30 часот во вториот круг излезноста е 48,88 отсто

-

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција информираше дека излезноста на гласачите до 18:30 часот изнесувала 48,88 отсто од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список, односно 555.943 гласачи.

Притоа, најголема излезност до 18:30 часот имало во општина Вевчани – 81,2 отсто гласале, а исто така во општините Росоман и Демир Капија имало излезност од над 80 отсто. Наспроти ова, во општина Сарај до 18:30 часот е регистрирана најмала излезност во вториот круг во земјава – 28,12 отсто.

Даштевски рече дека денешниот изборен ден претставувал успешен гласачки ден, со изолирани инциденти. Уредите за гласање работеле беспрекорно, освен некои случаи утрово, рече Даштевски. Тој додаде дека денот поминал успешно.

Избирачките места се затворени во 19 часот, освен неколку избирачки места каде гласањето ќе продолжи и по 19 часот.

Како што изјави Даштевски, на избирачкото место 2867/1 во општина Центар гласањето продолжува за 2 часа и 55 минути, на избирачкото место 2831 гласањето продолжува за 2 часа и 55 минути, додека на избирачкото место 2815 гласањето продолжува за 2 часа и 55 минути.

Во општина Сарај на избирачкото место 2433 гласањето ќе продолжи за 2 часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 гласањето ќе продолжи за 2 часа и и 45 минути, а на избирачкото место 2438 гласањето ќе продолжи до 21 часот.

Во општина Карпош на избирачкото место 2652 гласањето ќе продолжи 2 часа и 30 минути, а продолжување на гласањето ќе има и на едно избирачко место во општина Чешиново-Облешево, едно избирачко место во општина Зелениково и на две избирачки места во општина Пробиштип и едно избирачко место во општина Долнени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...