fbpx

Поранешни членови на ДИК: „Фингерпринт“ методата не беше добро тестирана, па затоа се предизвика хаос на изборите

-

Поранешните членови на ДИК оценуваат дека „фингерпринт“ методата на гласање требало претходно да се тестира на различни места и ситуации, пред да се примени во првиот круг на локалните избори на 17 октомври. „Фингерпринт“ гласањето, вчера наиде на бројни технички проблеми во текот на процесот, што предизвика збрка во различни избирачки места и го продолжи времето на затворање на избирачките места пишува Порталб.мк.

Поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски изјави за Порталб.мк дека концептот на гласање преку отпечатоци од прсти е демократски, меѓутоа, според него, имаше доцнење во снабдувањето на уредите.

Според него, факторите што влијаеле на појавата на технички проблеми се, или квалитетот на податоците, ако трагите се постари или лошо управување со уредот од страна оној што управувал, тоа значи дека не го следел доволно добра обука.

„Не мислам дека немаше успех. Мислам дека не беше добро планирано, имаше доцнење во снабдувањето и имплементацијата, генерално во имплементацијата, но ќе треба повеќе време за граѓаните да се навикнат на начинот на гласање и однапред да се вршат верификации, да се потврди квалитетот на податоците што се поставуваат за отпечатоци од прсти. Мислам дека мораше да се тестира. Доколку снабдувањето се завршеше навреме, ќе имаше можности и време за симулација на повеќе места и во повеќе ситуации, и точно ќе се знаеше како да се реагира“, изјави Деркоски.

Поранешниот заменик-претседател на ДИК, Реџеп Прекопуца, за Порталб.мк изјави дека и во времето кога бил дел на оваа комисија ја разгледувале можноста за дигитализација на ДИК, сепак по консултации со некои западни земји со кои споделиле искуства во врска со недостатоците за време на изборниот процес се откажале.

„Сметам дека е непотребно, бидејќи „фингерпринт“ не донесе некаква нова функција, бидејќи имаме избирачки список со фотографии и мислам дека е нешто непотребно и го оптовари процесот на гласање, бидејќи, нема нова функција, освен потврда на идентитетот , додека идентификацијата на идентитетот се врши и со избирачкиот список во кој секое лице има своја фотографија. Значи, додавањето на ова само го зголемува времето и видовме дека тие не е функционално. Ние, како ДИК, кога бевме во ДИК, имавме план за дигитализација на ДИК со слични машини, но по консултација со некои западноевропски земји, кои ни рекоа дека дури и некои земји што ги користеле, ги отстраниле од употреба со оглед на недостатоците што биле појавени во текот на процесот, па затоа и ние го напуштивме овој проект “, рече Прекопуца.

Според него, оваа метода била непотребна, бидејќи не извршува некаква нова функција.

„Секако, секоја новина мора претходно да се тестира и мора да има време за тоа. Сепак, на крајот мислам дека „фингерпринт“ не беа потребни бидејќи, каква нова функција извршуваат. Ако со методата „фингерпринт“ би го елиминирале печатениот избирачки список и тоа без проблеми, во тој случај ОК. Меѓутоа, сега го имаме печатениот избирачки список со фотографии, а сега на ова го додаваме отпечатокот од прст кој ја игра истата улога. Значи, ако го ставам прстот таму, ги добивам сите мои податоци што се веќе во избирачки список, овој отпечаток од прст нема нова функција, според мое мислење, само го натовари процесот, а со овие дефекти и го одложи многу “, рече тој.

Да потсетиме дека поради технички проблеми што се појавија со „фингерпринт“ опремата, гласањето и изборниот молк беа продолжени до 19:30 часот, со цел да им се овозможи на гласачите во дворот или пред избирачките места да гласаат, како последица на редиците кои се створија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...