fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Соработката меѓу полициите на Македонија и на Албанија е на високо ниво

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го прими албанскиот амбасадор Фатос Река. На средбата, како што соопштија од МВР, меѓу другото, било констатирано дека соработката меѓу македонската и албанската полиција е евидентна на повеќе нивоа, но оти секогаш има простор за нејзино понатамошно продлабочување и унапредување. Спасовски се осврнал на генералните релации помеѓу двете земји, оценувајќи дека тие се постојано...

Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „Ддесетте херои“ во село Требиште, област Голо Брдо. Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на парламентот, Илир Мета,...

Обвинителството побарало од Албанија враќање на 20 икони украдени од македонски цркви

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од надлежниот суд во Тирана, Албанија, побарало враќање во Македонија на 20 икони од непроценлива вредност, украдени од цркви и од манастири во земјава, соопшти денеска јавното обвинителство. „Во согласност со Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја и Законот за меѓународна соработка во кривична материја на Република Македонија,...

Претседателот на Советот на ЕУ, Туск, в недела во Скопје

Претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, претстојниот викенд ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија и ќе се сретне со лидерите на трите земји, информирaат попладнево од Советот на ЕУ. На интернет-страницата на Советот на ЕУ е објавен распоредот на средбите на Туск со лидерите на земјите, но не се наведени причините за посетата, како и тоа што ќе...

МВР: Директорот на БЈБ ќе се сретне со албанскиот директор на полицијата

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Mакедонија, Горанче Савовски, утре во Валона, Република Албанија, ќе оствари билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција. Средбата ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји. „На средбата на директорите ќе стане збор за унапредување и...

Албанија го зголеми нивото на безбедност

Албанскиот премиер Еди Рама на вонредна седница побара од сите институции да преземат дополнителни мерки за зголемување на нивото на безбедност. Рама побара дополнителни безбедносни мерки на објектите од витално значење, граничните премини, граничната линија, воените објекти, пристаништата, аеродромите, училиштата, болниците, местата каде се собира повеќе народ, хидроелектричните централи, водоводите, телефонските и интеренет-центрите, како и телевизиите. Седницата и дополнителните безбедносни мерки...

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово потпишаа меморандум за соработка

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува воспоставување експертска група за справување со нелегалната трговија со оружје во Југоисточна Европа, како и регулирање на начинот за заемна соработка, соопшти МВР. „Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со...

ЕУ стравува дека Албанија може да биде дел од новата рута на шверцерите на мигранти

Европската унија е загрижена дека шверцерите на луѓе можат за мигрантите да отворат нова рута кон Италија и тоа од Албанија, доколку се затворат копнените граници на Балканот, јавуваат европските медиуми, повикувајќи се на новинската агенција „Ројтерс“. - Постои опасност рутата Албанија - Италија да стане нов правец на мигрантите во зимскиот период – вели изворот на агенцијата. 80-километарската рута пред...

Албанскиот дел од Охридско Езеро под патронат на УНЕСКО

Претставници од УНЕСКО, од ЕУ, од работните тела од Проектот за заедничко управување со културното и со природното наследство на охридскиот регион, како и од централните и од локалните власти на Република Македонија и на Република Албанија, в петок, на 2 октомври, ќе учествуваат на состанок во Охрид посветен на прекугранична платформа, а на кој ќе се договара ставањето...

Македонци живеат во педесетина села во Албанија и во сите поголеми градови

Педесетина села, главно, во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Горија, се подрачјата во Албанија со најголема концентрација на етнички Македонци. Меѓутоа, освен во селата, Македонци има и во најголемите градови во оваа земја. Ова го пишува во книгата на Катерина Тодоровска, виш научен соработник во Институтот за национална историја во книгата „Македонците во Албанија“ (1912-1991). Во албанскиот главен град, Тирана,...

Бериша: Федерализација на Македонија е единствена можност за решавање на меѓуетничката криза

Поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша тврди дека федерализацијата на Македонија е единствена можност за решавање на меѓуетничката криза. Бериша за весникот „Газета 55“ нагласува дека за да има еден стабилен мир во Македонија, потребно е да има една гарантирана висока регионална автономија од типот на меѓуетничките западни држави како што е федерацијата или пак конфедерацијата. „Во 1992 година...

Албанија уништила половина милион стебла канабис

Половина милион стебла канабис се уништени од почетокот на годината, а 240 лица се осомничени за одгледување и трговија со марихуана, изјавија албанските власти. Портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи Арди Бита изјави дека борбата против производство на дрога е „главен приоритет“ за полицијата. Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека приоритет на Владата, избрана во 2013 година, е борбата против...

Бугарија и Албанија ја поддржуваат Македонија за членството во ЕУ и НАТО

­Бугарија и Албанија никогаш не ги подржувале политиките на блокади и не влечеле потези што ќе значат назадување и нарушување на мирот и стабилноста во регионот. Членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО не само што е од големо значење за земјава туку е од големо значење и за Албанија и Бугарија. Ова е впечатокот на шефот на...

Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50.000 евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. Во одлуката на албанската влада се вели дека се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени 50.000 евра. Шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати, на својот фејсбук-профил напиша: „Денеска...

Русија се заканува со контрасанкции

Официјална Москва не ја исклучува можноста Русија да воведе реципрочни мерки кон Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и кон Украина, земји кои се приклучија кон антируските санкции на ЕУ, објави „Спутник“. - Овие мерки, секако, може да бидат донесени. Уште еднаш повторувам дека тоа е основен принцип на реципроцитет – рече прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков. ЕУ објави...

Трибина во Гирокастро: Македонците се пожалија за правата пред OБСЕ и пред албанските власти

Во јужниот албански град Гирокастро, се одржа трибина за положбата и за правата на малцинствата во Албанија, во организација на Народниот правобранител од земјата и на ОБСЕ. Говореа албанскиот праворанител, Игли Тотозани, и заменик-амбасадорот на ОБСЕ, Роберт Вилтон. Учесници беа и претставници на Министерствoто за надворешни работи, за образование и за социјална заштита, како и Државниот комитет на малцинствата. На трибината...

Убиени чешки туристи во Албанија, полицијата нуди награда за информација

За каква било точна информација во врска со сторителите на убиството на двајцата туристи од Чешка, кое беше извршено во регионот на Дукаѓин, албанската полиција нуди 30.000 евра. Полицијата гарантира целосна анонимност на лицето што ќе ја даде информацијата за убијците, известуваат албанските медиуми. За грозноморниот чин сè уште нема уапсени, но на информативен разговор се повикани повеќе од 30 лица. Полицијата постави и...

Македонец – советник во Општина Поградец

Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, на неделните локални избори првпат доби советничко место во Општина Поградец. Советник Општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците, ќе биде Јован Шкмби. Партијата освои советничко место и во Општина Малиќ, кај Корча, а обезбеди мнозинство во 15-члениот совет на Општина Пустец, каде има осум советници, додека по третпат...

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во охридскиот локал „Император“

Албанските власти вчера, на граничниот премин Ќафасан, на македонската полиција ѝ го предале осомничениот за двојното убиство во охридскиот ресторан „Император“, кој по неколкумесечно бегство, кон средината на февруари оваа година беше уапсен во Албанија и до моментот на неговото спроведување во земјава, се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Како што соопштуваат од МВР, осомничениот Б.П. (31), по преземањето од албанските...

Балканисти од Хелсинки меѓу етничките Македонци во Албанија

Професори и студенти од Универзитетот во Хелсинки, од тамошната Школа по балканистика, престојуваа меѓу етничките Македонци, во јужниот албански град Корча. Балканистите од оваа севрноевропска земја имаа средба со претставници на македонското и на другите малцинство во регионот на Корча и на Поградец. - Тема на разговор беа двојазичноста и положбата на малцинствата во Република Албанија. Од наша страна ги запознавме...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...