fbpx

Бугарија и Албанија ја поддржуваат Македонија за членството во ЕУ и НАТО

-

­Бугарија и Албанија никогаш не ги подржувале политиките на блокади и не влечеле потези што ќе значат назадување и нарушување на мирот и стабилноста во регионот. Членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО не само што е од големо значење за земјава туку е од големо значење и за Албанија и Бугарија.

Ова е впечатокот на шефот на Македонската дипломатија Никола Попоски од разговорите со албанскиот и со бугарскиот колега Дитмир Бушати и Даниел Митов на трилатералната средба.

Митов смета дека неопходни се реформи, но верува дека Македонија ќе стигне до целта што ја има поставено.

Бушати вели дека Албанија не ги подржува политиките на блокада и тоа што некогаш инсистира на меѓуетничкиот дијалог во земјава било да се релаксираат и забрзаат, а не да се блокира македонскиот евроатлантски пат. ­

Од средбата произлегла и заедничка декларација, а билио разговарано и за актуелната ситуација со мигрантската криза. И овде и на овонеделниот самит во Виена во рамките на Берлинскиот процес трите земји ќе апелираат на поголема помош, солидарност и подршка од Европската унија зашто ниту една земја поединечно не може да се носи со ваков проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...