fbpx

Македонци живеат во педесетина села во Албанија и во сите поголеми градови

-

Педесетина села, главно, во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Горија, се подрачјата во Албанија со најголема концентрација на етнички Македонци. Меѓутоа, освен во селата, Македонци има и во најголемите градови во оваа земја.

Ова го пишува во книгата на Катерина Тодоровска, виш научен соработник во Институтот за национална историја во книгата „Македонците во Албанија“ (1912-1991).

Во албанскиот главен град, Тирана, првите миграци на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, како и од Струшко–охрискиот регион, се од Првата светска војна, 1915-1917 година. Македонците во Тирана се концетрирани претежно во седум региони на градот.

„Потоа миграциите продолжиле 1923, 1929 и во 1939 година, додека најголемата миграција од етничките региони кон големите градови е во периодот 1949 до 1960 година. Иста ситуациаја е и во другите големи градови, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер, Патос“, наведено е во книгата.

Во Дебарско–Голо Брдо (север и југозападно од Дебар, наречен Дримколски дел) со 22 села населени со Македонци. Тоа се селата, Врница, Мало Острени, Големо Острени, Вичишта, Миреши, Владимерица, Ѓиновец, Студна, Забзун, Борово, Клење, Којовец, Лешничани, Радоешта, Себишт, Стеблево, Требиште, Смолник, Тучепи. И помеѓу Маќелара и Пешкупеја има три македонски села – Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.

Во областа Горија (северно–источно од Корча до Билишта и Трстеник на албански-грчката граница во правец на Костур) има само едно село. Во Егејскот дел, од албанска страна, е селото Врник.

Како што пишува Тодоровска, Мала Преспа (на југ од Преспанско Езеро) е единствената област, каде живеат само Македонци во девет села. Тоа се селата Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје.

Во областа Гора (североисточно од Кукс) има девет села во кои живеат Македонци. Тоа се Оршек, Цернолево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Ново Село, Оруша, Пашиѓа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...