!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Стејт департмент: Лидерите да сторат сè што можат за брзо формирање влада


       
Вашингтон, 19 април, 2017 - 20:02 (META) 

„Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат сè што можат за формирање на влада без понатамошно одложување, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евроатлантското семејство“, се вели во изјавата на Стејт департментот за политичката криза во Македонија, дадена за „Гласот на Америка на македонски“.

Во неа се додава дека македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември лани и дека постои јасно мнозинство во Собранието, што чека да формира влада.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и на регионот. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“, се вели во изјавата.