четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: опструкции | 18 резултати

Јанева: Откривме и вративме 66.909 избришани разговори

март 15, 2017

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го објави третиот шестмесечен извештај за работата на СЈО за периодот од 15 септември 2016 до 15 март 2017 година. Во извештајот на Јанева се наведува дека и во овој период имало опструкции на работата на СЈО и проблеми во соработката со правосудните и со другите институции. Специјалната јавна […]

Јанева: Доста беше, судиите не може веќе да се кријат зад функциите

февруари 22, 2017

Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад своите функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, а во врска со случувањата на денешното […]

„Амнести интернешнел“: СЈО продолжува да се соочува со притисоци

февруари 22, 2017

Специјалното јавно обвинителство кое беше назначено од Собранието во 2015 година да ја истражи вмешаноста на функционери во скандалот со прислушувањето и вмешаноста на политичари во криминал, продолжува да се соочува со притисоци во извршувањето на својата работа, стои во Извештајот на „Амнести интернешенел“ за состојбите со човековите права за 2016/2017 година. – Во октомври (минатата […]

Што сè бара СЈО, а институциите не му даваат?

јануари 20, 2017

Одбивањето на Основниот суд 1 на СЈО да му го достави записникот од спогодбата на Звонко Костовски е една од многуте опструкции или несоработки со кои се соочува кабинетот на Катица Јанева. Претходно, Судот го одби барањето на СЈО да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден […]

Радикалите спречија извештајот на ЕК за Србија да биде претставен во собранието

ноември 10, 2016

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Мајкл Девенпорт, денеска не успеа да го претстави извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија на седницата на собранискиот одбор за европска интеграција, поради опструкциите на пратениците на десничарските партии кои се противат на влегувањето на Србија во ЕУ. Како што јавува дописничката на „Мета“ од […]

ЕК: Единствено СЈО води истраги за корупција на високо ниво

ноември 9, 2016

Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува во практика да биде попречувана, а Кривичниот суд редовно одбива да одреди истражни мерки (притвори, мерки на претпазливост, н.з.) што ги бара СЈО како дел од истрагите што ги води, стои во Извештајот за напредокот на Македонија, што денеска во објави Европската комисија. Во извештајот, исто така, се […]

Спасовски: Со МВР раководам јас, а директорите на БЈБ и на УБК „можеби малку опструираат“

октомври 26, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Спасовски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“, вели дека во моментов во МВР се работело попрофесионално и постабилно од времето кога со министерството раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту во […]

СЈО зеде дел од податоците од УБК, за другите ќе се чека надворешен експерт

октомври 21, 2016

Специјалното јавно обвинителство од УБК ја одзело целата документација со наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите, книгите за евиденција и дел од компјутерските податоци од системот за прислушување, соопшти попладнево СЈО. Оттаму велат дека останува уште да се одземат компјутерските податоци за кои била потребна асистенција од надворешен експерт. „Одземени се сите наредби […]

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

октомври 20, 2016

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и […]

Амбасада на САД: На СЈО мора да му се овозможи да спроведе целосна истрага

октомври 20, 2016

На специјалната јавна обвинителка мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат, велат за „Мета“ од Амбасадата на Соединитетите Американски Држави во Скопје, во врска со истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Оттаму посочуваат дека утврдувањето […]

Делегација на ЕУ: СЈО да не се опструира, а сите страни да се придржуваат до договореното

октомври 20, 2016

Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство. „Не можеме да коментираме за тековни истраги, но потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство“, велат за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ […]

„Шарена револуција“ синоќа го обои Кривичниот суд

септември 26, 2016

Во герила-акција на „Шарена револуција“, синоќа беше обоен Кривичниот суд Скопје 1, за кој оваа организација смета дека е извор на најголемите опструкции во работата на СЈО. „Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само едно барање. Од другата страна, за периодот од 2012 до 2014 година, од вкупно 717 барања за […]

Македонија издаде еврообврзница во вредност од 450 милиони евра

јули 19, 2016

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5,625 отсто годишно и со рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, соопшти Министерството за финансии. „Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично […]

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

март 9, 2016

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. – Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски […]

Страна 1 од 1