fbpx

Сончево со мала облачност и температура до 17 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од минус 6 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

За утре синоптичарите најавуваат повторно појава на засилен ветер од северен правец, особено во северните делови од земјата и долж Повардарието. Утре во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...