fbpx

Со ребалансот се намалуваат буџетските средства за интеграција во НАТО

-

Владата со ребалансот на буџетот за 2018 година планира намалување на паричните расходи во Министерството за одбрана планирани за интеграција во НАТО. Со буџетот за 2018 година во расходниот дел кај Министерството за одбрана за ставката унапредување на безбедноста и одбраната односно интеграција во НАТО беа предвидени 935.000.000 денари, а со ребалансот оваа ставка се намалува на 855.000.000 денари.

Забележително е што намалувањето на парите предвидени за интеграција во НАТО доаѓа во период кога заменичката претседателка на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски како членови на Комитетот за интеграција во НАТО престојуваат во седиштето на алијансата во Брисел каде што вчера почна завршната фаза од пристапните разговори на нашата земја со НАТО, кои ќе траат до 19 октомври.

Од Министерството за одбрана потврдуваат дека со предложениот ребаланс планираните средства на потпрограма ВА – интеграција во НАТО, ќе се намалат за 80 милиони денари.

„Намалувањето нема да се одрази на процесот на интеграција во НАТО, бидејќи се врши од причина што планираните активности и набавки се веќе реализирани или ќе се реализираат со заштеда, односно со помалку средства од планираните. Доказ за тоа е и вчерашниот почеток на пристапните разговори со НАТО, процес кој го очекувавме и посакувавме веќе 2 децении“, велат од министерството.

Според најавите, доколку поминат уставните измени за прифаќање на Договорот со Грција  целиот процес треба да заврши до крајот на декември оваа година. Потоа, во јануари 2019 година, Република Македонија треба да го потпише Протоколот за пристапување со право на учество во сите тела на НАТО, но, без можност да гласа, а приемот на нашата земја во полноправно членство би требало да се случи откако земјите членки ќе го ратификуваат Протоколот за пристапување и тоа, секоја одделно во своите национални парламенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...