fbpx

Шилегов: Прв сведок на СДСМ ќе биде Заев и ќе зборува на јавна седница

-

Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, денеска најави дека прв сведок што ќе го повика СДСМ на наредната сесија сведочења ќе биде лидерот на партијата, Зоран Заев.

Како што најави претседателот на комисијата, Заев ќе зборува на јавна седница.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека на вчерашната седница на комисијата премиерот Никола Груевски одбил да даде одговор на сите прашања поврзани со „бомбите“.

Пратеникот и член на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека не е сигурен дали и сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кое е закажано за четворток оваа недела, ќе биде тајно.

Но, како што рече, имале договор сите сведоци што ќе ги повика ВМРО-ДПМНЕ да сведочат зад затворени врати затоа што некои членови на комисијата „имале желба пред камери да прават драми и да привлекуваат внимание“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...