fbpx

Сè поголем бројот на загинатите во Лас Вегас – напаѓачот е пензионер

-

Педесет убиени и повеќе од 200 ранети е последниот биланс од нападот на фестивалот на катри-музика во Лас Вегас, кој го извел 64-годишен белец, јавуваат американските медиуми.

Според последните информации, нападот го извел пензионерот Стивен Педоку, кој живеел во пензионерски дом.

Полицијата потврди дека напаѓачот, кој отворил оган на околу 30.000 присутни на фестивалот, е убиен, но дека сè уште трагаат по жена по име Марла Денли, која била со Педоку за време на нападот. Нејзината лична карта е проднајдена покрај телото на напаѓачот.

„Си-ен-ен“ соопшти дека напаѓачот од 32 кат на хотелот пукал кон масата луѓе присутни на фестивалот.

Полицијата засега не соопштува какво оружје е користено при нападот, но на смиките се слушаат повеќе од стотина истрели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...