fbpx

Се формираше граѓанска платформа за поддршка на Јанева

-

„Специјално за Специјално Јавно Обвинителство“ е нова неформална граѓанска платформа, која е организирана за поддршка на работата и на функционирањето на Специјалното јавно обвинителство како институција што ќе помогне за да се врати и да се подобри владеењето на правото во Република Македонија.

„Специјално за СЈО е автономно тело составено од граѓани на Република Македонија кои како носител на суверенитетот на државата се првите повикани да воспостават владеење на право во државата. Специјално за СЈО ќе организира настани и реакции со една цел – зголемување на поддршката за оваа институција, како и лобирање и директно помагање на работата и на функционирање на институцијата. Специјално за СЈО ќе се бори против сите пречки и опструкции за непречено функционирање на СЈО“, се вели во соопштението од граѓанската платформа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...