fbpx

СДСМ најави кривични против Миноски и Бришковска за издавањето на еврообврзницата

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миновски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, соопштија денеска од СДСМ.

Оттаму велат дека Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски, односно спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450-милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

„Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Република Македонија и ќе мора да понесат одговорност. Првиот како одговорен за самото издавање, втората како службено лице кое не било овластено да изврши определено дејство. Еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконска и СДСМ ќе продолжи да ја оспорува како законски јавен долг“, стои во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека освен за Миноски и за Бришковска, пријави ќе следуваат и против другите инволвирани учесници, откако, како што стои во соопштението, ќе бидат разјаснети причините за нивното учество во постапката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...