понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: еврообврзница | 69 резултати

Бесими: Осмата еврообврзница од 700 милиони евра е издадена по најниска каматна стапка до сега

март 4, 2021

Министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека ја издале осмата еврообврзница, и тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 проценти. Според него, тоа значи дека кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, па согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле […]

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 отсто како резултат на ковид-19 кризата

август 2, 2020

Заклучно со вториот квартал од 2020 година, јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг се искачи на 50,7 отсто, информираат од Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во второто тримесечје се должат првенствено на повлекувањата на средства преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во […]

Ангеловска: Со ребалансот на буџетот вкупните расходи изнесуваат 3,95 а приходите 3,2 милијарди евра

мај 15, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека со ребалансот на буџетот вкупните буџетски расходи ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на првичните проекции. Приходите се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или 414,6 милиони евра од планираното. Дефицитот ќе се зголеми […]

Владата ќе бара над 580 милиони евра од странски банки и фондови за справување со корона кризата

март 22, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка за одржување на ликвидноста на буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава. Владата на вчерашната седница го усвоила планот на Министерството за финансии во делот […]

Тевдовски: Од 2019 година ќе почнеме со среднорочно буџетирање

јануари 16, 2018

Од 2019 година сакаме да почнеме со среднорочно буџетирање, да излеземе од рамките во кои се планира само тековната фискална година и да имаме план за следните три или четири години, најавил денеска министерот за финансии Драган Тевдовски во своето обраќање на главниот панел на конференцијата „Јуромани“, најголемата конференција од областа на финансиите во Централна […]

Тевдовски: Најновата еврообврзница е со досега најниска каматна стапка

јануари 12, 2018

Парите од еврообврзницата, со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, историски најниската […]

Министерство за финансии ќе позајмува повеќе пари дома, а може да издаде и еврообврзница

јуни 28, 2017

Од почетокот на мандатот новата влада не се задолжи дополнително заради покривање на буџетскиот дефицит, туку преку продолжување на роковите на хартиите од вредност што достасуваат, а наскоро ќе се задолжува и на домашниот пазар, рече на денешната прес-конференција министерот за финансии, Драган Тевдовски. – Од моментот на стапување на должност на новата влада, Министерството за […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат легитимитет да зборуваат за цената за еврообврзницата

јуни 21, 2017

„СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока камата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерство за финансии. Од партијата додаваат дека „пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, […]

Финансиските пазари позитивно гледаат на политичката стабилизација во Македонија

јуни 21, 2017

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, информираат од Министерство за финансии. Оттаму велат дека показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари. „Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување.Така, стапката на […]

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

мај 11, 2017

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. – Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои […]

Техничката влада на Димитриев се спрема за издавање на нова еврообврзница оваа есен

април 26, 2017

Актуелната власт размислува и презема подготвителни активности за издавање на нова еврообврзница во четвртиот квартал од годинава, за да ги отплати долговите кои достасуваат за наплата идната година, извести деловниот информативен сервис „Интелињус“ (Intellinews), повикувајќи се на извори од австриската банка „Рајфајзен“. Ако новата еврообврзница биде издадена, се вели понатаму во веста, најкраток можен рок на […]

СДСМ: Миноски побара 16,1 милиони евра, но ги задолжи граѓаните 24 милиони евра повеќе

јануари 24, 2017

Недозволиво е министерот за финасии во заминување, Кирил Миноски, да ги задолжи граѓаните со преку 24 милиони евра повеќе од пристигнатите обврски за плаќање, без да објасни зошто, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека Миноски побарал 16,1 милиони евра за доспеаните обврски, но ги задолжи граѓаните со 24 милиони евра повеќе. – За само 24 дена, министерот за финансии во […]

Јавниот долг изнесува 50,6 проценти од БДП, објави Министерство за финансии

октомври 31, 2016

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг, кои изнесуваат 41,9 отсто и 50,6 проценти за третиот квартал од 2016 година. Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и на јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето на еврообврзницата во јули 2016 година, […]

Наумов: Jавниот долг зголемен за нови пет милиони евра

септември 6, 2016

„Министерството за финансии денеска запиша 34 милиони евра во државни хартии од вредност. Иако за враќање доспеваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски одлучи да го зголеми јавниот долг за нови пет милиони евра“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за економија, Кире Наумов. Според Наумов, „незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа […]

СДСМ: Богов призна дека јавниот долг достигнал 50 отсто од БДП

јули 31, 2016

Опозициската партија СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во синоќешното интервју за телевизијата „Алфа“ ги потврдил нивните тврдења дека со издавањето на еврообврзницата јавниот долг на Македонија изнесува 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). „Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ. Со […]

Министерството за правда даде амин за еврообврзницата, парите легнаа во Народна банка

јули 26, 2016

За новото задолжување од 450 милиони евра преку еврообврзница, денеска позитивно мислење дало Министерството за правда. Министерот за финансии, Кирил Миноски, на собраниската седница за ребалансот на буџетот потврди дека утринава министерот Валдет Џафери го ставил својот потпис на документ што потврдува дека еврообврзницата од 450 милиони евра е легално издадена. Миноски повтори дека ќе […]

СДСМ бара да се повлече ребалансот на буџетот додека не се расчисти случајот со обврзницата

јули 25, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара ребалансот на буџетот да биде повлечен од дневен ред на Собранието сè додека не се расчисти законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ во Собранието, Марјанчо Николов. Николов вели дека по вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери, дека Министерството […]

СДСМ најави кривични против Миноски и Бришковска за издавањето на еврообврзницата

јули 25, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миновски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, соопштија денеска од СДСМ. Оттаму велат дека Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски, односно спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска […]

СДСМ со антидржавен обид сакаше да ја наруши финансиската стабилност, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

јули 23, 2016

„Цел СДСМ лаже како Заев. Kолку и да лажe, не може да го одвлечe вниманието од фактот дека токму СДСМ изврши чин на финансиски тероризам поради кој граѓаните ќе останат без 25 милиони евра. Колку и да пласира СДСМ манипулации и измислици од фабриките за афери, ништо не го пере срамот од антидржавниот обид за нарушување на […]

СДСМ: Миноски противзаконски ја издал еврообврзницата без правно мислење

јули 23, 2016

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, велат во соопштение од СДСМ. Од партијата тврдат дека Миноски самиот признал дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. „Ова е скандалозно бидејќи министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е […]

Страна 1 од 4