сабота, 11 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: издавање | 22 резултати

МВР ќе издава лични карти денеска и утре

октомври 28, 2017

Сите одделенија за управни работи на Министерство за внатрешни работи ќе работат денеска и утре, со што граѓаните ќе можат да извадат лични карти, информираат од МВР. „Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни […]

МВР ќе издава лични карти в сабота и на денот на гласањето на вториот круг избори

октомври 25, 2017

Сите одделенија за управни работи на Министерство за внатрешни работи ќе работат на 28 и на 29 октомври, со што граѓаните и на тие денови ќе можат да извадат лични карти, информираат од МВР. „Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за […]

МВР ќе издава лични карти в сабота и на денот на изборите

октомври 10, 2017

Одделенијата за управни работи на МВР ќе работат и в сабота и в недела на издавање лични карти на граѓаните, поради локалните избори, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи „Сите барања за издавање лична карта (поради оштетеување, изгубена или украдена лична карта), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за […]

Народна банка пушти во оптек четири нови ковани пари

октомври 6, 2017

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“. Кованата пара „Руски лавиринт“ е изработена од сребро со тежина од 50,47 грама  и изнесува 4.300 […]

Два и пол месеци нема безбедносни сертификати за судијките поротнички во „Пуч“

јануари 16, 2017

И по два и пол месеци, двете нови судијки поротнички во случајот „Пуч“ сè уште немаат добиено безбедносни сертификати, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд. Од добивањето на безбедносните сертификати за поротничките зависи датумот за следното рочиште за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата […]

МВР в недела ќе издава лични карти, но само во одредени случаи

декември 9, 2016

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на изборниот ден, на 11 декември, управните служби ќе работат на издавање лични карти, но само на лица што ја загубиле или им е украдена, како и на лица на кои им е оштетена личната карта. „Воедно, истиот ден ќе се врши и издавање на веќе подготвените лични […]

Судот ќе дежура за да можат кандидатите да добијат уверенија за неосудуваност

ноември 8, 2016

Основниот суд Скопје 1 попладнево соопшти дека е подготвен, доколку е потребно, да воведе и дежурства за да можат кандидатите за пратеници да извадат уверенија за неосудуваност и партиите навреме да ги поднесат пратеничките листи. Од судот ги отфрлаат обвинувањата на дел од политичките партии дека судот им правел проблеми околу издавањето на уверенијата и […]

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

ноември 8, 2016

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Во врска […]

Судот преплавен со барања за неосудуваност од кандидатите за пратеници

ноември 8, 2016

Поради предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември и зголемениот број на барања, Основниот суд Скопје 1, наместо како досега за три дена, ќе издава уверенија од казнената и од кривичната евиденција во рок од пет до седум дена, соопштија денеска од судот. Имено, кандидатите што ќе се најдат на пратеничките листи треба да извадат уверенија за неосудуваност. […]

СДСМ најави кривични против Миноски и Бришковска за издавањето на еврообврзницата

јули 25, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миновски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, соопштија денеска од СДСМ. Оттаму велат дека Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски, односно спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска […]

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од еврообврзницата

јули 19, 2016

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од издавањето на седумгодишната еврообврзница со каматна стапка од 5,875 проценти, пишува „Ројтерс“. По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа денеска вторпат е понудена на продажба. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, повторно испрати писмо до банките и до светските медиуми во кое потсетува на незаконската […]

СДСМ: Груевски, Пешевски и Миноски во втор обид за криминал со еврообврзницата

јули 19, 2016

„Никола Груевски, Владимир Пешевски и Кирил Миноски утрото повторно го почнаа процесот на издавање еврообврзница на износ до 650 милиони евра, со што директно го кршат Законот за јавен долг, без претходно обезбедено правно мислење од министерот за правда, согласно член 18, став 6“, се вели во соопштението на СДСМ, по вториот обид за продажбата […]

Владата го одложи издавањето на еврообврзницата

јули 14, 2016

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ денеска преку писмо до банките гаранти ја оспорил легалноста на постапката, јавува „Ројтерс“. Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија. СДСМ и во […]

Државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра со издавање еврообврзница

јули 8, 2016

Со издавањето на новата еврообврзница, државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра на странскиот пазар на капитал. Еврообврзницата ќе се отплаќа во период од 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на „Дојче банк“ во Лондон, a ќе котира и со неа ќе се тргува на ирската берза на хартии од вредност. Според пишувањата […]

Кривичниот суд од 1 јуни воведува едношалтерски систем за потврди и уверенија

мај 27, 2016

Сите уверенија и потврди од казнена и кривична евиденција од 1 јуни ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Кривичниот суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција кои досега се поднесуваа […]

Вчера МВР издало потврди на 1.817 мигранти

февруари 11, 2016

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 1.817 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Авганистан, вкупно 641 лица, од Сирија се 826, а од Ирак – 350 лица. Од почетокот на годината до вчера биле […]

МВР издало потврди на 2.283 мигранти

декември 23, 2015

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.283 мигранти. Според државјанството, потврди вчера им биле издадени на 980 мигранти од Сирија, 476 од Ирак и на 827 лица од Авганистан. Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена […]

Посетите во затворот „Скопје“ ќе се закажуваат телефонски

октомври 30, 2015

Постетите во истражниот затвор „Скопје“, во населбата Шуто Оризари, отсега ќе се закажуваат телефонски, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Оттаму информираат дека сите граѓани што сакаат да закажат посета треба да се јават на телефонскиот број 02/3115-706 и да ги остават своите податоци и податоците на лицето што сакаат да го посетат. „Доколку ги исполнуваат условите за […]

Страна 1 од 1