вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Кирил Миноски | 43 резултати

СДСМ: Миноски без потреба ги задолжи граѓаните за уште 6,56 милиони евра

28 март 2017

„Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните со нов нето-долг од 6,56 милиони евра. Техничкиот министер за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да објасни пред граѓаните зашто ги задолжи со нови 6,56 милиони евра, ако се знае дека оваа недела нема доспеани обврски за враќање“, порача СДСМ. Партијата вели дека е недозволиво да […]

СДСМ: Миноски да не помисли да ги задолжи граѓаните повеќе од доспеаните обврски

21 март 2017

„Го предупредуваме Кирил Миноски, кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување, да не ги задолжува граѓаните на Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека обврските што стасуваат за наплата оваа недела […]

Миноски: СДСМ да се откаже од платформата, па ќе ја поддржиме и нивната економска програма

12 март 2017

„Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на тиранската платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ. Таа, покрај неспособноста на СДСМ за позитивни економски резултати, ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ако СДСМ се откаже од платформата“, рече на прес-конференција денеска Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе излезе на улица, може да види во чие време се градело

3 февруари 2017

Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое се повикува министерот за финансии, Кирил Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра […]

СДСМ: Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно

3 февруари 2017

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година. Тоа значи дека секој месец лани, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата додаваат дека со 40 милиони […]

СДСМ: Миноски лажел, јавниот долг е сè уште повеќе од 50 проценти

1 февруари 2017

Досегашната власт остава во наследство на граѓаните и на Република Македонија јавен долг поголем од 50 отсто од БДП, покажуваат вчера објавените податоци од извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 декември 2016 година, реагираше денеска СДСМ. „Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната […]

СДСМ: Миноски побара 16,1 милиони евра, но ги задолжи граѓаните 24 милиони евра повеќе

24 јануари 2017

Недозволиво е министерот за финасии во заминување, Кирил Миноски, да ги задолжи граѓаните со преку 24 милиони евра повеќе од пристигнатите обврски за плаќање, без да објасни зошто, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека Миноски побарал 16,1 милиони евра за доспеаните обврски, но ги задолжи граѓаните со 24 милиони евра повеќе. – За само 24 дена, министерот за финансии во […]

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

21 декември 2016

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат […]

Миноски: СДСМ ветуваше нови вработувања, а вчера навести отпуштања во јавниот сектор

20 декември 2016

СДСМ пред изборите, на граѓаните им ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку двапати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и на пензиите – изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, на денешната прес-конференција. – Кога […]

Наумов бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ

28 ноември 2016

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, бара итно усогласување на издавањето државни хартии од вредност со буџетот на РМ. Тој бара свикување на итна седница на Владата за усогласување на максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност (ДХВ) за тековната година, кој е утврден со одлука на Владата на РМ, со буџетот за 2016 година. – Со актуелната одлука на […]

Наумов: Миноски ги задолжи граѓаните со 18 милиони евра

8 ноември 2016

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12,1 милиони евра, ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, на денешното задолжување на државата. Во него се додава дека јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги […]

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

4 ноември 2016

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели […]

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

31 октомври 2016

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. – За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот […]

Заштедите на граѓаните се зголемиле само 1 процент, најмалку од 2001 година

31 октомври 2016

Заштедите на граѓаните изнесуваат 3,4 милијарди евра заклучно со септември и во овој квартал од годината се зголемиле само 1,3 отсто. Ова денеска беше истакнато во Стопанска комора, на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето организирано од Здржението за банкарство. – Кон крајот на третиот квартал, имавме скромен пораст на заштедите од 1,3 отсто, што е најниско […]

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

18 октомври 2016

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра. – Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на […]

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

18 октомври 2016

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за […]

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

17 октомври 2016

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година, кој тежи 3,35 милијарди евра, по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто […]

Миноски: Со буџетот за 2017 година предвидувме економски пораст од 3,4 отсто

17 октомври 2016

Со предлог-буџетот за 2017 година, проектиравме умерено забрзан економски пораст од 3,4 проценти. Спроведувањето на парламентарните избори и решавањето на политичката крза ќе имаат позитивно влијание врз домашните компании, зголемување на инвестициите, потрошувачката, но ќе бидат и позитивен сигнал за странските инвеститори. Ова го истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, образложувајќи го предлог-буџетот пред пратениците. […]

Почна собраниската расправа за предлог-буџетот за 2017 година

17 октомври 2016

Почна расправата за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,35 милијарди евра. На седницата се присутни и пратениците на опозицијата. Предлог-буџетот пред пратениците го образложува министерот за финансии, Кирил Миноски. Со овој буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните […]

Министерот Миноски учествуваше на годишните средби на Светска банка и на ММФ

9 октомври 2016

„Најголем дел од приоритетите што ги има Владата во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност“, изјавил министерот за финансии, […]

Страна 1 од 2