!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

СДСМ: Груевски и соработниците бараат поврзаност и таму каде што не постои


       
Скопје, 19 март, 2017 - 16:20 (META) 

Проблемот на Никола Груевски и на неговите соработници е што тие се препознаваат во секој за кого постои сомнеж дека е дел од какви било криминални активности, па затоа Груевски и соработниците имаат потреба да наоѓаат поврзаност и таму каде што не постои, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со случајот за кој зборуваше соработникот на Груевски, Орце Ѓорѓиевси, на прес-конфернцијата денеска, ставот на СДСМ се јасен. Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот докрај и секој што работел спротивно на законот да понесе соодветна одговорност. Во Македонија мора да има и ќе има правда“, стои во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција, на која говореше Орце Ѓорѓиевски, ги обвини СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, а во врска со последната полициска акција, спроведена вчера против лица од Прилеп, Битола и од Арачиново.