!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се блиски и соработуваат со лица од подземјето


       
Скопје, 19 март, 2017 - 14:59 (META) 

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговиот лидер, Зоран Заев, дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, а во врска со последната полициска акција, спроведена вчера против лица од Прилеп, Битола и од Арачиново.

– Јавноста вчера беше сведок дека уште еден лик од подземјето, близок пријател на аболираниот криминалец Зоран Заев, бил инволвиран во нелегална трговија со дрога. Истиот тој честопати е во придружба на Зоран Заев и се фотографира со него, а според информациите кои беа објавени, тој е брат на првиот човек на СДСМ во Арачиново. Има ли поголем доказ за тоа на кој начин работи и се финансира криминогеното раководство на СДСМ – рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ова „не е прв случај најблиските соработници на Заев да бидат фатени за криминалот што го прават“.

– Близок пријател на Зоран Заев е Сеад Рахиќ – Сетко, уапсен од полицијата за организирање на криминална група за продажба на кокаин во Скопје. Соработник на Зоран Заев е Захир Бекири – Чауш кој беше раководител на т.н. „Фабрика за афери“ на СДСМ. Зоран Заев соработува и со Харун Хаџибулиќ, кој е познат припадник на скопското криминално подземје. Соработници на Зоран Заев се и Даниел и Дејан Трајковски кои во скопското криминално подземје се познати како близнаците од Ѓорче Петров. Сето ова укажува за начинот на кој работи аболираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ – изјави Ѓорѓиевски.