fbpx

САД го укинаа финансирањето на Фондот за популација на ОН

-

Соединетите Американски Држави го повлекоа финансирањето на Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА), кој промовира планирање на семејството во повеќе од 150 земји во светот, јавува „Би-би-си“.

Во соопштението на Стејт департментот било наведено дека УНФПА „поддржува или учествува во управувањето со програми за принуден абортус или стерилизација“.

Станува збор за првото од редицата кратења на американските финансиски донации за ОН, што претходно ги вети новата администрација на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Од УНФПА соопштиле дека „жалат поради ваквата одлука“, и додаваат дека не прекршиле никакви закони.

САД повлекле 32,5 милиони долари од Фондот, за фискалната 2017 година.

Претходно оваа година, Трамп повторно ја воведе забраната за финансирање од страна на САД на секоја меѓународна организација која дава било каква услуга или совет во врска со абортусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...