„Фридом хаус“: Демократијата во Македонија на најниско ниво на Балканот

-

Демократијата во Македонија во 2016 година паднала уште подолу, тренд што се повторува многу години по ред, односно е на најниско демократско ниво од 2001 година кога земјата се соочи со насилен етнички конфликт , се вели во денеска објавениот извештај „Земји во транзиција“ на „Фридом хаус“.

Во извештајот, Македонија и натаму се наоѓа во групата земји со транзициски влади или хибридни режими. Генералниот индекс на демократијата во земјава, кој е збир на седум специјални индекси за минатата година изнесува 4,43, на листа од 1 до 7, каде 1 означува највисоко ниво на демократски прогрес, а 7 означува најниско ниво. Тој индекс паѓа 10 години по ред, па од 3,86 за 2007 година стасал до 4,29 за 2015 година, а изминатата година паднал дополнително.

Во однос на земјите од регионот, Македонија е оценета полошо од Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Србија, а има подобра оценка од Косово и од Босна и Херцеговина. Таа во резимето на извештајот за 29 земји е одбележана како „лидер“ на Балканот според падот на нејзините индекси.

Пад се забележува и според посебниот индекс за Национално демократско владеење, кој во 2015 година изнесувал 4,75, а за 2016 тој изнесува 5.

Пад има и за изборните процеси, па за 2016 индексот е 4, а за 2015 тој бил 3,75. Индексот за граѓанското општество не се поместил од 2015, па и за 2016 изнесува 3,25, а не мрднал ни индексот за независните медиуми, кој изнесува 5,25, за разлика од претходните 10 години кога главно растел, а само една година доживеал пад. Локалното демократско владеење исто така е со истиот индекс како годината претходно, односно 4.

Влошена е оценката за правосудството и неговата независност, како и за степенот на корупција. И двата индекса во најновиот извештај се 4,75, а годината предходно изнесувале 4,5.

Како образложение за падот на индексот на Националното демократско владеење се наведува понатамошното ескалирање на политичката криза поради помилувањата на инволвираните во „бомбите“, недостигот на политички дијалог и контроверзното и конфликтно функционирање на националните политички институции.

За падот на оценката за судството како толкување се дава засилувањето на политчкото влијание врз судството, како и поради пречките за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Најновиот извештај на „Фридом хаус“ е за 29 земји од Централна и Југоисточна Европа, како и некои држави произлезени од поранешниот Советски сојуз.

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните американски изјави...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните...