fbpx

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се одложи?!

-

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на отворената владина седница информираше дека во најголем дел со предвидената динамика се вршат сите активности поврзани со реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Тој појасни дека се работи на комплетна реконструкција на првиот блок од студенстскиот дом, а во тек се активности за затворање со прозорци и подготовка за малтерисување на внатрешниот дел.

– Имавме дел состојби коишто од аспект на Закон за јавни набавки мораше да ги дефинираме како вишоци што се појавија на определени позиции. Морам да кажам дека од она што го видовме при рушење на внатрешниот дел, речиси ниту еден проектант не можеше да предвиди такви состојби, односно што се најде внатре во самиот објект. Меѓутоа, мислам дека досега квалитетно се изведува овој дел од активностите -рече заменик-министерот за образование и наука.

Во согласност со динамиката, најави тој, до крајот на јануари треба да заврши еден дел од фазата, меѓутоа поради објективни причини, веројатно ќе има и делумно одолжување од триесетина дена поради временските услови.

Потоа, истакна Ристовски, ќе се продолжи со втората фаза, која опфаќа целосно реконструирање на овој блок и почнување со реконструкција во другиот блок од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...