fbpx

Путин и Ердоган утре ќе го потпишат договорот за изградба на „Турски тек“

-

Завршниот договор за изградба на „Турски тек“, гасоводот што Турција ќе ја снабдува со руски гас, ќе биде потпишан утре, кога во Истанбул ќе се состанат рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александер Новак.

Во интервју за агенцијата „Анадолија“, пред почнувањето на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул, Новак изјавил дека договорот за изградба на гасоводот „Турски тек“ е речиси завршен.

– „Турски тек“ е значаен проект кој на Турција ќе ѝ овозможи директна испорака на гас, избегнувајќи ги транзитните земји, а ќе има и дополнителни количества природен гас за понатамошен економски развој на државата – додаде Новак.

Еден цевковод со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас ќе го снабдува турскиот пазар, додека другиот цевковод ќе ја снабдува Европа со гас.

Компанијата „Газпром“ соопшти дека изградбата на гасоводот може да почне кон крајот на 2017 година ако договорот меѓу Турција и Русија биде потпишан во октомври, за изградбата да се заврши до 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...