This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Aug 16 11:43:06 2018 / +0000 GMT

Продолжува судењето за нападот врз Села




Во Основен суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието.

На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири.

На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски.
Post date: 2018-04-16 10:59:01
Post date GMT: 2018-04-16 08:59:01
Post modified date: 2018-04-16 10:59:01
Post modified date GMT: 2018-04-16 08:59:01
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com