fbpx

Манчевски: Прославија дека Села е мртов, па тргнаа кон нас

-

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во своето сведочење пред судот препозна двајца обвинети кои го удирале Села, а за останатите рече дека биле на различни страни во собраниската прес-сала за време на упадот на 27 април.

За обвинетите Никола Војминовски и Кире Ѓорѓиевски, Манчевски посочи дека биле меѓу десеттемина кои го удирале Села на средина од салата, а во дел од обвинетите препозна и напаѓачи кои него го удирале.

Манчевски пред судот рече дека кога некој извикал дека Села е мртов, дел од толпата почнала да слави.

-Прославија дека Села е мртов, па тргнаа кон Заев и кон нас. Врзуваа кабли околу вратот за да ни испратат порака дека ќе ни се случи истото. Не се сеќавам на активностите врз Села, но се сеќавам на тоа дека дел од присутните овде ме удираа мене – сведочеше Манчевски.

Тој пред судот појасни дека биле предмет на напади и закани на агресивната толпа. Толпата удирала со боксови, и Манчевски завршил со скршен нос. Манчевски рече дека се труделе да не ги гледаат насилниците во очи оти ако ги гледале веднаш се насочувале кон нив и ги напаѓале.

-Удираа со што ќе стигнат, со раце, столици, камери, монитори и тоа траеше околу два и пол часа. Ако го дофатеа Села, го удираа со боксови ако не, со што ќе стигнат – вели Манчевски.

Манчевски рече дека го видел Села повреден и со крв, а слушнал закани за Заев и за Села.

-Имаше закани по живот, за бесење, за убивање, извикуваа „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“. Во еден момент видов дека Села го нема, а потоа на отприлика десетина метри од мене, на средина на прес-салата видов како некој е легнат на земја, а луѓе го маваат. Забележав како лежи човек, а неговото тело се помрднува од ударите на десетина луѓе кои маваа со клоци и туапници – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...