fbpx

Попоски e во Брисел, можна e средба со Хан

-

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски денеска е во посета на Брисел, потврдија за „Мета“ од македонското МНР.

Засега не се знае точната агенда на Попоски, но на неа би требало да се најде и средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која ќе разговара за последниот развој на настаните од политичката криза во Македонија.

Од Брисел засега нема потврда дека Хан денеска ќе се сретне со Попоски. На новинарско прашање, дали еврокомесарот попладнево ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич рече дека засега не може ништо да потврди или да соопшти.

Портпаролката на ЕК, на прашањето дали Договорот од Пржино е мртов рече дека сите партии го зачуваат и да го почитуваат Договорот од Пржино, на кој се согласија минатата година.

– Тој содржи круцијални елементи кои се во интерес на државата и на народот, повтори денеска во Брисел портпаролката на Европската комисија. Вчерашната изјава е многу јасна. Патот напред мора да биде заедно дефиниран од сите главни политички партии, бидејќи зрелиот дијалог, инклузивноста и посветеноста кон демократските принципи, неопходните реформи и нивното имплементирање ќе ја врата земјата на евроатлантскиот пат – рече Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...