fbpx

ОН да најде сеопфатно решение за бегалската криза, порача македонската дипломатија

-

Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи откако високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, вчера ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и на затворање на мигрантите.

„Би ги охрабриле институциите што се задолжени да даваат оценки за ограничени аспекти на комплексната криза со која се соочува континентот, да се ангажираат во формулирањето на сеопфатни решенија. Секако, тоа е многу потешко, но, така можеби би се избегнале стапиците да се става во фокус само една земја или да се третира само еден аспект од еден многу комплексен феномен“, стои во реакцијата на МНР.

Од министерството истакнуваат дека низ Македонија поминаа повеќе од милион мигранти, за чиј трансфер биле искористени огромен дел од македонските капацитети за менаџирање на процесот, кој се спроведувал и сè уште се спроведува со помош од пријателски држави на земјата, невладиниот сектор и од меѓународните организации.

Во реакцијата се наведува дека неколкупати било истакнато дека Република Македонија се соочува со тешкотии во изнаоѓањето соодветен баланс помеѓу одржувањето на редот и безбедноста во државата и осигурувањето на човековите права на мигрантите кои се на нејзина територија. Сепак, се истакнува дека во текот на кризата Македонија се покажа како доверлив и одговорен партнер на Европската Унија и на меѓународните организации.

„Република Македонија дава максимални напори во справувањето со оваа комплексна ситуација, притоа прилагодувајќи се на потребите на настанатата ситуација во насока на пружање соодветен третман на мигрантите на своја територија. И во иднина ќе продолжиме со максимални напори да го спроведуваме почитувањето на човековите права на сите граѓани еднакво, со посебен фокус на обезбедување минимум соодветни услови на мигрантите кои се наоѓаат во нашата држава или транзитираат низ Република Македонија“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...