fbpx

ОН ја критикуваат Македонија за третманот на бегалците

-

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, денеска ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и на затворање на мигрантите. Критиките доаѓаат по посетата на неговиот персонал на Македонија

Ал Хусеин е особено загрижен поради ситуацијата на околу 180 мигранти, вклучувајќи и 80 деца, кои од март живеат во неизвесност, заглавени во двата транзитни центри Табановце и Винојуг, по затворањето на балканската рута.

– Од нивното доаѓање, не постои индивидуална процена на неопходноста или на пропорционалното де факто притворање. Тоа е неприфатливо, особено кога станува збор за деца – рече Ал Хусеин.

Тој повика итно да се преземат мерки за да им се помогне на заглавените мигранти да се вратат во нормален живот, преку создавање можности за вработување, како и нудење соодветни можности за едукација на децата.

Високиот комесар рече дека е длабоко загрижен поради принудното враќање на мигрантите во соседните земји на Македонија. Со ваквиот начин на дејствување, како што рече тој, Македонија ги крши меѓународните обврски за заштита на човековите права.

– Ја повикувам владата да стави крај на ваката практика, која претставува кршење на меѓународното право – реле Ал Хусеин.

Генералниот секретар за човекови права на ОН, исто така, го критикуваше Скопје за неодамнешната измена на Законот за азил, која, како што рече, прави да е речиси невозможно повеќето мигранти да го легализираат својот престој, дури и кога ќе бараат азил.

Ал Хусеин потсети дека само пет од 600 апликации за статус на бегалци, колку што биле поднесени во 2015 година, биле одобрени. Тој, исто така, ги осуди и екстремно рестриктивните можности за обединување на семејствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...