fbpx

Облачно со слаб дожд

-

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд со послаб интензитет, а во западните и во јужните делови од земјава повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можни се и повремени врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде претежно облачно со повремен дожд, почест во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 Целзиусови степени.

Во периодот потоа ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и в среда во попладневните часови, пред сè на запад, ќе има услови и за појава на ретки грмежи. Од четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува в петок. В петок врнежите ќе завршуваат, а тогаш поради спуштање на температурата се очекува појава на слаб снег на врвовите и на пониските планини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...