fbpx

Попладне средба Иванов – Туск

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, попладнево ќе се сретне со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, но и политичката состојба во Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе го запознае Туск со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.

Посетата на Туск на Македонија е дел од неговата балканска турнеја, на која, меѓу другото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската криза во Источниот Медитеран.

Претседателот Иванов пред десетина дена ја откажа средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, наводно поради посетата на Унгарија, и својот термин за средба со еврокомесарот им го отстапи на претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...