Големиот пожар кој вчера напладне изби над Вевчани, на планината Јабланица е локализиран, пред сè, со масовното учество, организираноста и пожртвуваноста на самото население.
Огнената стихија беше токму над познатите Вевчанските извори, кои за оваа општина значат живот и тамошните жители повеќепати се бореле за нив.
Опожарени се околу 20 хектари борова и букова шума. Вевчанци се сомневаат дека некој намерно го подметнал пожарот и избегал.