„(П)огледи“ е насловот на најновата книга есеи на македонскиот писател и новинар Ристо Лазаров.
Повеќето од есеите во книгата се објавуваат првпат, а некои веќе се објавени во медиумите. Нивни заеднички именител се траумите што ги доживува Македонија во транзицијата, особено последниве години, и експлозијата на незадоволството од владеењето со државата.
Во поговорот кон книгата, новинарот и публицист Бранко Героски оценува дека „Лазаров нуди неколку задлабочени погледи всушност на иста тема, за големата и неизвесна битка за враќање на изгубената човечност“.
Книгата е во издание на „Везилка 2011“.