fbpx

Големи протести во Франција поради незадоволство на работниците

-

Камионџиите во Франција за утре најавија блокада на најголем дел од патните правци низ земјата, а синдикатите ги повикаа на штрајк работниците во метрото во Париз во знак на противење на спорните реформи на законот за работа, за кои сметаат дека се на штета на работниците.

Повикот на штрајк синдикатите го упатија откако владата минатата недела одлучи да го заобиколи парламентот и да ги усвои овие реформи.

Додека синдикатите изразуваат незадоволство, францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека реформите ќе ги охрабрат работодавците да вработуваат нови работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...