САД се подготвени да ја вооружат либиската влада

-

Соединетите Американски Држави (САД) и други светски сили се подготвени да ја вооружат либиската влада на национално единство, која ја има поддршката на Обединетите нации, како помош во борбата против Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“.

Објавувајќи го планот на меѓународниот министерски состанок во Виена, државниот секретар на САД, Џон Кери, изјавил дека светските сили ќе ја поддржат владата во барањето за изземање од ембаргото за оружје на ОН.

Кери додал дека ИД е нова закана за Либија и „императив“ е да биде запрена.

Владата на национално единство, со поддршка на Обединетите нации, беше прогласена на 31 март, а на нејзино чело е премиерот Фајез Сараџ.

Со ова беше ставен крај на периодот во кој во земјата дејствуваа две сепаратистички администрации, едната во Триполи, а другата во градот Тобрук, на истокот на земјата.

Во главниот град на Австрија денеска се одржува меѓународен министерски состанок за решaвање на кризата во Либија.

Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал. Главниот...