!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Николиќ: Не познавам човек кој би бил подобар претседател на Србија од мене


       
Белград, 26 декември, 2016 - 15:26 (META) 

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека до Божиќ ќе ја соопшти конечната одлука дали ќе биде кандидат на претседателските избори, но и дека не познава човек кој би ја вршел таа функција подобро од него.

По повод најавувањето на кандидатура на народниот правобранител Саша Јанковиќ, Николиќ рече дека не мисли дека омбудсманот е сериозен кандидат.

– Кандидат може да биде секој од нас. Мислам дека Јанковиќ треба да се кандидира, но прашање на морал е дали тоа треба да го стори од функцијата која моментално ја извршува – рече Николиќ на новогодишната конференција за новинари во Белград.

Николиќ рече дека тој сака повторно да се кандидира за претседател на Србија, како и дека за тоа ќе се договори со премиерот Александар Вучиќ.

Вучиќ на новинарите во Обреновац им рече дека е добро за демократијата да има што повеќе претседателски кандидати, но дека не е добро тоа што некои ќе станат кандидати со оглед на тоа која функција ја извршуваат моментално и дека тоа би претставувало злоупотреба.