fbpx

МВР изнесе детали за трката со „мерцедесот“ полн со мигранти

-

МВР соопшти детали за вчерашната акција за апсење криумчари на мигранти при што имало вистинска драма при обидот да го запрат возилото. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти  за акцијата, напоменувајќи дека 12 лица се во притвор, а едно во домашен притвор.

Според МВР, акцијата почнала пред повеќе од една година заради сузбивање на групата криумчари, а од 5 септември лани се почнати и посебни истражни мерки по наредба од Јавното обвинителство. Според МВР, организатори на групата за криумчарење мигранти се лица од Авганистан и од Пакистан, кои подолго време биле во Македонија, Србија и во Грција. Нивни помагачи биле и македонски државјани, кои биле водичи, транспортери, сместувачи, извидница, логистика.

При акцијата за апсење вчера, рано наутро на автопатот Велес – Скопје, полицајци се обиделе да сопрат „мерцедес“ за кој имале сознанија дека превезува мигранти. Но, возачот ја пробил блокдата на патот и избегал, потоа биле поставувани и други блокади и избегнувајќи ги, „мерцедесот“ ја скршил и рампата на наплатната станица кај Велешко Езеро и продолжил кон Куманово. Дури кај рафинеријата „Окта“ полицајците успеале да го сопрат автомобилот, во кој покрај возачот се пронајдени и 12 Пакистанци и еден Египќанин.

Во другиот дел од акцијата, биле уапсени 13 лица од групата, кои биле во Куманово, Скопје и во Гевгелија. Полицијата запленила и шест возила, повеќе мобилни телефони, 27.250 евра, пиштол марка „м57“, рамка со четири куршуми и нотес со податоци за лица и износи на парични средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...