fbpx

Мнозинството бара итно да се избере претседател на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не дозволува

-

Целата собраниска расправа пред паузата за ручек помина во процедурални расправања и во надмудрувања помеѓу пратениците кој повеќе го знае деловникот, а кој го прекршува откако СДСМ побара со десет пратеници да се премине на четвртата точка на дневен ред, односно на изборот за претседател на Собранието.

Џевад Адеми од ДУИ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека „не се патриоти“ затоа што не ги почитуваат институциите и документите.

– Патриотизам е да ги почитуваш и институциите и документите и актите и да ги почитуваш процедурите. Јас гледам отсуство на патриотизам кај вас. Денеска со вашето отфрлање на барањето да се премине на четвртата точка без да се гласа, вие со двете нозе го прекршувате деловникот – рече Адеми.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците рече дека предлогот на СДСМ е единственото разумно решение и предупреди дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прават преседан.

– Секогаш ќе има нови пратенички групи во иднина кои ќе го прават истото што го правите вие. Претседавачот нема право да одлучува за ништо иако бевме сведоци девет дена на тоа како се повредуваше деловникот. Доколку имате нешто да кажете, Вељаноски, излезете на говорница, Вие сте пратеник. Со ова што го правите, се враќаме многу назад и функционираме како примитивно општество. Демократијата, во суштина, е волјата на мнозинството – рече Села.

На ова претседавачот Вељаноски рече дека сè додека е претседавач, ќе говори од таа говорница.

Aнтонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не бараат ништо друго освен на секој пратеник да му се дозволи да го искаже своето мислење, а Радмила Шекеринска од СДСМ рече дека дури и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачуваат да не го опструира Собранието.

Седницата ќе продолжи во 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...