fbpx

Манчевски: Заврши мапирањето на територијата за пристап до интернет

-

Македонија пред утврдениот рок го заврши процесот на детално мапирање на територијата за пристап до брзи и супер брзи интернет мрежи, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Задачата која ни беше дадена од ЕУ со цел да се оцени напредокот кој нашата држава го прави на полето на телекомуникациите – е успешно завршена. Тоа значи дека за првпат се дефинираат областите каде не постоат брзи и ултра брзи комуникациски мрежи или операторите во следните три години немаат планови за инвестиции во вакви мрежи. Ова има за цел преглед на телекомуникациски ресурси, за да може ефикасно да се користат во иднина и да не се дуплираат инвестициите – рече Манчевски.

Со мапирањето се дефинираат три вида области и тоа „бела област“ – каде што широкопојасните мрежи во моментов не постојат и каде што веројатно нема да бидат изградени во рок од три години од операторите, „сива област“ – каде што има поставено или ќе се постави само една широкопојасна мрежа во наредните три години и каде не постојат планови од кој било оператор да постави нова во наредните три години и „црна област“ – каде постојат најмалку две широкопојасни мрежи на различни оператори во дадена област или исти ќе бидат поставени во следните три години.

Придобивките по завршувањето на процесот на мапирање на територијата се големи како за граѓаните, така и за операторите и бизнис-заедницата.

– Секој граѓанин ќе има можност да провери дали местото во кое живее е покриено со широкопојасна мрежа на еден или повеќе оператори. Доколку не е покриено, односно е во бела зона, ќе знае дека местото ќе биде покриено со брзи или ултра брзи мрежи со државна помош во наредните неколку години. Секој оператор ќе може да провери каква е состојбата со развојот на конкуренцијата во некое населено место. Ова ќе поттикне нови инвестиции и развој на конкуренцијата, што на крај ќе резултира со поприфатливи цени за корисниците. Градењето на брзи мрежи на цела територија на државата ќе обезбеди општините и во руралните места да можат да планираат и да воведуваат нови и современи е-услуги за граѓаните и за фирмите. Ова позитивно ќе влијае за постигнување на рамномерен регионален развој, а се надеваме дека ќе влијае и на намалувањето на иселувањето од овие области. Општините ќе ги планираат нивните стратегии за развој, базирани на користење на ИКТ – додаде Манчевски.

Како што посочи министерот Манчевски, добиените податоци покажуваат дека покриеноста со брзи широкопојасни мрежи (78 проценти) е приближно иста со просекот во Европската Унија (80 проценти). Сепак, иако во моментов имаме добро покривање со брзи мрежи, постои ниска искористеност на интернетот од страна на корисниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...