Македонската делегација во Брисел го почнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24


       
Брисел, 12 ноември, 2018 - 9:58 (META) 

Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“. Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.

Состанокот ќе трае три дена, за време на кои експертските тимови ќе ги разгледуваат седумдесетте страници од европското законодавство посветен на овие теми. До крајот на оваа година треба да се одржат уште три скрининг состаноци.