fbpx

Комисијата за уставни измени ги усвои сите нацрт-амандмани за промена на Уставот

-

Комисијата за уставни прашања викендов го усвои и четвртиот нацрт амандман со што заврши расправата по нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандните е закажана за 1 декември 2018 година.

Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена, односно по три дена за секој од предложените амандмани.

Со првиот амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член 36 каде има историски аспект, со вториот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, со третиот се додава нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независниот на соседните држави, додека со четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, по што тие одат на јавна расправа.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...