fbpx

Кривичен суд: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за користење на големата сала

-

Кривичниот суд денеска, по одложувањето на рочиштетот за случајот „Диво Насеље“, соопшти дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на овој судски процес.

Од Кривичниот суд велат дека, по одлуката на Владата, од нивна страна биле направени сите адаптации на големата сала за одвивање на судскиот просец и бил направен план за нејзино обезбедување за време на судењата, за што биле известени претседателите на Врховниот, Апелациониот и Основниот суд Скопје 2.

„Но ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму информираат дека по одложувањето на денешното рочиште, кое е презакажано за 6 јуни, адвокатите на обвинетите се сретнале со претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој им образложил дека од нивна страна биле преземени сите мерки за водење на денешната главната расправа.

„Сите обвинети беа спроведени во судската сала, беа обезбедени и дополнителни места за присуство на семејствата на обвинетите, но и ние како суд бевме затекнати од известувањето на судската полиција на Врховниот суд дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, претставниците на медиумите, јавноста и членовите на семејствата“, рекол Панчевски на средбата со адвокатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...