!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Груевски дојде на суд за случајот „Шамари“


       
Скопје, 3 мај, 2017 - 10:25 (META) 

Првобвинетиот за случајот со насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Основен суд Скопје 1 дојде со адвокатот Никола Додовски.

На денешното судско рочиште за насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година се појавија и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште неколку од обвинетите и од оштетените.

Во судот пристигнаа и обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, но меѓу нив не е обвинителката Фатиме Фетаи.

На претходните рочишта, одбраната на обвинетите бараше изземање на Фетаи и заедно со обвинителката Катица Јанева беа казнети по  2.000 евра поради непочитување на судот.