fbpx

Грците ѝ должат 89 милијарди евра на државата

-

Грците должат речиси 89 милијарди евра кон државата. Висината на неисплатените долгови од даноци кон Управата за јавни приходи е еднаква на половина од грчкиот домашен бруто-производ, а стравувањата меѓу финансиските аналитичари се дека долговите до крајот на годината може да достигнат и до 95 милијарди евра.

Долговите се драстично зголемени од почетокот на кризата досега. Ако на крајот на 2009 година граѓаните должеле 30 милијарди евра, тој долг сега е зголемен за речиси 60 милијарди, односно трикратно. Како што јавува весникот „Етнос“, само во првите пет месеци од 2016 година, грчките граѓани должат веќе 5,58 милијарди евра кон државата од неплатени даноци и долгови. Долгот само за мај е 1,25 милијарди евра.

Според „Катимерини“, меѓу должниците се и јавните компании кои должат осум милијарди евра, долгот на банкротираните компании е околу 13 милијарди евра, 63 милијарди евра должат правни и физички лица, а околу 158 милиони евра е долгот од лажни компании и од фалсификувани даночни броеви.

Проценките се дека граѓаните и бизнисите поради финансиската криза и новите даноци сè помалку имаат заштеди и средства да ги плаќаат долговите и даноците навреме. Како што се зголемуваат долговите и како што ќе почнат да се ззголемуваат новите даноци и да се појавуваат нови сметки за плаќање, се оценува дека така ќе продолжи и порастот на долговите кон државата.

Според „Етнос“, целта на владата е да успее да наплати барем дел од долговите, околу 30 милијарди евра, за да може да ја заврши годината со примарен суфицит од 0,5 отсто од БДП.

Ова е неопходно да се постигне за следната година да се избегене да се активира механизмот за автоматско кратење на трошоците во јавниот сектор, кој е договорен како превентивна мерка со европските кредитори во случај Грција да не ги исполни договорените цели.

Засега од долгот од 5,58 милијарди од почетокот на годинава се собрани 697 милиони евра, а од старите долгови во висина од 83,3 милијарди евра годинава се собрани само 1,26 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...