понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: бизниси | 19 резултати

Економијата и надминување на проблемите со загадувањето, теми на самитот „Македонија 2025“

ноември 13, 2019

Самитот на бизнис-платформата „Македонија 2025“ ќе започне денеска и ќе се одржува до петок и на него ќе учествуваат 425 учесници од 60 земји со 40 панелисти. Според извршната директорка Никица Мојсовска Блажевски самитот е алатка, односно начин како да се оставарат целта и мисијата, да се поттикне и поддржи економскиот развој, да се подобри […]

Поповска: Некого го чешаат рацете за иловичкото злато

март 20, 2019

На темата рудници и нивна здрава алтернатива, како и за битката на струмичките екологисти против рудникот Иловица, „Мета“ разговараше со пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Неодамнешната победа – отфрлената тужба од рудникот Борово Дол за клевета од страна на Судот, ДОМ ја посвети на струмичките екологисти кои се борат против отворањето на рудникот Иловица. Какви […]

Манчевски: Отворените податоци може да создадат иновативни бизниси и подобар живот на граѓани

јули 26, 2018

Отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој ги презентираше Стратегијата и Акцискиот план за отворени […]

ССК и УЈП заеднички ќе се борат против нерегистрираните бизниси

јули 11, 2018

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа Меморандум за соработка за заеднички да се координираат за регистрирање на субјектите кои немаат регистрирано фирма, a со цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција Меморандумот за соработка помеѓу институциите го потпишаа претседателката на ССК, Данела Арсовска и директорката на УЈП, […]

Потпишани првите договори за програмата ИПАРД 2014-2020

март 6, 2018

Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите договори за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека ефикасното искористување на програмите ИПАРД е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр. „Станува збор за […]

ЦИКП: Корупцијата и даноците – дел од факторите за постоење на сива економија

јули 28, 2017

Корупцијата, високиот даночен товар, стремежот на бизнисмените за брзо богатење се фактори што влијаат на постоењето на сива економија. Ова го покажува бизнис-анкетата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), спроведена за да се утврдат различните форми на скриени економски активности во бизнис-секторот лани и да се споредат резултатите од истата анкета направена во 2014 година. – Покрај општото задоволство со […]

Тевдовски: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме најниска плата од 12.000 денари

март 12, 2017

Најниската плата во првата година од мандатот ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе обезбедиме по 20 милиони евра годишно за поттикнување на малите и на средните бизниси, а сите институции и јавни претпријатија ќе мора да даваат отчет еднаш месечно за тоа како ги трошат парите од државниот буџет, порача денеска на прес-конференција Драган […]

Креирајте вредности, не само профит, порача Дресен на првиот Форум на добри компании

декември 2, 2016

Денеска се одржа првиот Форум на добри компании, на тема „Трансформација на општеството преку бизнисите“, на кој учествуваа претставници на компании, граѓански организации, носители и спроведувачи на политики. Гостин на форумот беше холандскиот претприемач и основачот на „Гуд хоспиталити груп“ (Good Hospitality Group), Мартин Дресен, кој го сподели искуството на создавањето „Добар хотел“, пловечка конструкција која […]

Повеќе инвестиции во помалку развиените региони, бараат од СКСЗМ

ноември 28, 2016

Зголемување на прагот за инвестирање во помалку развиените региони од еден процент од домашниот бруто-производ (БДП) на најмалку 2 до 2,5 проценти од БДП е едно од барањата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) на денешната средба со Алијансата за Албанците. Тие оваа мерка ја предлагаат како итна за наредните пет години, земајќи го предвид сегашното […]

Кучи: Се зголемува бројот на жени претприемачи, сопственички на компании

ноември 18, 2016

„Жените претприемачи, освен што креираат нови работни места, воведуваат и посебни пристапи во менаџирањето и во организацијата на бизнисите“, истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележувањето на Денот на жените претприемачи. Тој истакна дека радува фактот што бројoт на жените како претприемачи и раководен кадар во малите претпријатија е во постојан пораст и кај […]

СДСМ: Со преголемите казни, ВМРО-ДПМНЕ ги уништува малите бизниси во Штип

септември 5, 2016

Владимир Милошев, претседател на разгранокот на СДСМ во Штип, денеска на прес-конференција обвини дека казните од  Управата за јавни приходи се преголеми, а малите и средните бизниси одвај преживуваат. – Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ негативно се одразува на нормалното работење на фирмите. За многу фирми, големите казни претставуваат и сериозна закана за нивната егзистенција и за вработените […]

СКСЗМ бара институционална помош и за компаниите во поплавените подрачја

септември 1, 2016

Седум милиони евра изнесува материјалната штета на компаниите во поплавените подрачја, покажува анкетата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Оттаму информираат дека во оваа сума не се пресметани 1,5 милиони евра авансно платен данок на додадена вредност (ДДВ), како и 1,3 милиони евра за царини и за акцизи на уништената стока. – Штетите од поплавите во Стајковци, […]

Грците ѝ должат 89 милијарди евра на државата

јули 13, 2016

Грците должат речиси 89 милијарди евра кон државата. Висината на неисплатените долгови од даноци кон Управата за јавни приходи е еднаква на половина од грчкиот домашен бруто-производ, а стравувањата меѓу финансиските аналитичари се дека долговите до крајот на годината може да достигнат и до 95 милијарди евра. Долговите се драстично зголемени од почетокот на кризата досега. […]

Економска мисија на ССК во Албанија за подобра соработка меѓу компаниите од двете земји

март 15, 2016

Бизнис-делегација од Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) заедно со делегација на Комората на Северозападна Македонија учествуваат во тридневна економска мисија во Албанија, чиј фокус е интензивирање на деловната соработка и воспоставување нови бизнис-релации помеѓу компаниите од двете земји. Целта за организирањето на економската мисија во Албанија е креирање конкретни можности за зголемување на деловната […]

СДСМ: Со 20 милиони евра народни пари, Груевски лаже дека Македонија е рај за водење бизнис

февруари 5, 2016

Опозицискиот СДСМ во соопштение вели дека Груевски „истурил“ 20 милиони евра народни пари за да ги лаже граѓаните преку неговите медиуми, каде што тој е главниот и одговорен уредник, дека, меѓу другото, Македонија е рај за водење бизнис. – ВМРО-ДПМНЕ и Груевски даваат милиони евра народни пари како државна помош на компании што ќе дојдат во […]

Страна 1 од 1