Тевдовски: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме најниска плата од 12.000 денари

-

Најниската плата во првата година од мандатот ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе обезбедиме по 20 милиони евра годишно за поттикнување на малите и на средните бизниси, а сите институции и јавни претпријатија ќе мора да даваат отчет еднаш месечно за тоа како ги трошат парите од државниот буџет, порача денеска на прес-конференција Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија на СДСМ.

Тој вели дека програмата за влада предводена од СДСМ содржи нов пристап за развој на македонската економија, врз основа на поддршка за домашните претпријатија, пораст на платите и социјална праведност.

– Државната поддршка за поттикнување на домашните претпријатија, пред сè малите и средни претпријатија, ќе биде поставена на 20 милиони евра уште во првата година на мандатот. Преку активните мерки за вработување ќе се влијае на вработување на 16.000 лица годишно во приватниот сектор – рече тој.
Претседателот на комисијата за економија на СДСМ вели и дека во мандатот на СДСМ, малите и средни претпријатија за отворање на ново работно место ќе добиваат еднократна финансиска поддршка помеѓу 72.000 и 162.000 илјади денари, под услов на лицето да му исплаќаат бруто-плата повисока од просечната во минатата година во период од 12 месеци.  Што се однесува до минималните плати, Тевдовски објави зголемување уште во првата година.
– Во првата година на мандатот, минималната плата ќе се зголеми на 12.000 денари и таа ќе важи и за индустријата за текстил, облека и за кожа – појасни претседателот на комисијата за економија на СДСМ.

Тој рече и дека СДСМ ќе работи на обезбедување на целосна фискална транспарентност.

–  Сите буџетски корисници, фондови и јавни претпријатија не само што ќе мораат да ги имаат објавено завршните сметки на своите веб-страници, туку, уште повеќе, ќе мораат да доставуваат до Министерството за финансии детални месечни извештаи за трошењето на доделените пари од буџетот, заедно со обврските што ги презеле, а не ги платиле. Овие податоци, со помош на платформа за пребарување, ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за финансии, за граѓаните да бидат контролори ако се прават злоупотреби – вели Тевдовски.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...