fbpx

Економијата и надминување на проблемите со загадувањето, теми на самитот „Македонија 2025“

-

Самитот на бизнис-платформата „Македонија 2025“ ќе започне денеска и ќе се одржува до петок и на него ќе учествуваат 425 учесници од 60 земји со 40 панелисти.

Според извршната директорка Никица Мојсовска Блажевски самитот е алатка, односно начин како да се оставарат целта и мисијата, да се поттикне и поддржи економскиот развој, да се подобри животниот стандард на граѓаните, да има пораст на локалните бизниси и извозот.

„Платформата ги поврзува домашните бизниси со регионот и ја вклучува дијаспората. Според некои статистики има од 500 до 600.000 иселени помеѓу кои и успешни професионалци кои може и ѝ помагаат на земјата. Една од главните теми е иднината на работните места и подобрување на работните вештини, надминување на јазот во образованието и потребите на фирмите. Втората тема е животната средина на која ќе и бидат посветени три панели, на кои ќе се говори како да се надминат проблемите со аерозагадувањето. Панелистите ќе пренесат убави приказни од странство за тоа како таму е решен овој проблем“, изјави Мојсовска Блажевски.

На Самитот ќе бидат претставени и успешни македонски бизнис-приказни преку кои на младите ќе им се покаже дека може да живеат тука, но да работат за надвор од државата.

Бизнисмените ќе можат да остварат средби со гостите од странство се со цел промоција на нивните бизниси и зголемување на извозот. Целта на сите осум одржани самити до сега е подобрување на животниот стандард, бидејќи БДП по глава на жител е 37 проценти од граѓаните на ЕУ.

Според ко-основачот на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски, растот на економијата од 3,7 проценти не е доволен, потребни се пет или шест проценти на пораст. Според него за сите овие години забележува напредок во менаџирањето, управувањето со фирмите и во самите работници.

„Приходите од дијаспората се важни за секоја земја така и за Македонија.Важно е и локалните бизниси да зајакнат за да бидат присутни на странските пазари.Како ќе се подобри економската состојба така ќе се зголемат и странските инвестиции и влезот од дијаспората. Влегувањето во НАТО ќе биде чекор кон стабилноста, што е многу важно за влез на странските инвеститори, кои до сега чувствуваа несигурност“, изјави Зафировски.

Според него предизвик е справувањето со корупцијата, а бизнисите бараат стабилна политичка клима и владеење на правото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...